Префрлање меѓу почетни екрани
Вашиот телефон има три почетни екрани, еден за апликации, еден
за омилени кратенки и еден за најмногу користените апликации,
како што е бирачот.
Лизгајте лево или десно.
• Мојот екран е местото каде што можете да ги додадете
омилените контакти и кратенките.
• Во екранот за апликации, можете да ги отворите апликациите
и да ги организирате според Вашите желби.
• На екранот на бирачот, можете да остварувате повици. На
местото на бирачот, можете да имате и музички плеер или радио.
Совет: За да го персонализирате екранот на бирачот, допрете и
задржете го Мојот екран, лизгајте до екранот на бирачот и
одберете ја апликацијата што ја сакате.
14