Nokia Asha 311 - Безбедност

background image

Безбедност

Прочитајте ги овие едноставни

упатства. Непридржувањето кон

нив може да биде опасно или

незаконски. За повеќе информации,

прочитајте го целосното упатство за

корисникот.

ИСКЛУЧЕТЕ ГО ВО

ОБЛАСТИ СО

ОГРАНИЧУВАЊА

Исклучете го телефонот кога

употребата на безжичен телефон не

е дозволена или кога тој може да

предизвика пречки или опасност, на

пример во авион, болница или во

близина на медицинска опрема,

горива, хемикалии или во области

на минирање. Почитувајте ги

упатства во ограничените области.

БЕЗБЕДНОСТА НА

ПАТОТ Е НА ПРВО

МЕСТО

Почитувајте ги сите локални закони.

Рацете секогаш да Ви бидат

слободни за управување со

возилото кога возите. Најважната

работа додека возите треба да Ви

биде безбедноста на патот.

ПРЕЧКИ

Кај сите безжични уреди

може да се јават пречки, кои може да

влијаат на нивната работа.

КВАЛИФИКУВАН

СЕРВИС

Само квалификувани лица може да

го инсталираат или поправаат овој

производ.

ЗАШТИТЕТЕ ГО

СВОЈОТ СЛУХ

За да го спречите можното

оштетување на слухот, не слушајте

на високо ниво на јачина на звукот

подолг период. Внимавајте кога го

држите уредот блиску до Вашето

уво додека звучникот е во употреба.

Упатства поврзани со

функциите

1

Важно: Овој уред е направен

за употреба само со стандардна SIM

картичка (види слика). Употребата

на некомпатибилни SIM картички

може да ја оштети картичката или

уредот и може да ги оштети

податоците што се зачувани на

картичката. Консултирајте се со

мобилниот оператор за употребата

на SIM картичка што има мини-UICC

исечок.

2

Предупредување: Кога е

активиран профилот во лет, не

99

background image

можете да упатувате или примате

какви било повици, вклучувајќи ги и

итните повици, или да користите

други карактеристики за кои е

потребно мрежно покривање. За да

упатите повик, активирајте друг

профил.

3 Вашиот уред може да има

внатрешни и надворешни антени.

Одбегнувајте допирање на областа

на антената непотребно додека

антената емитува или прима.

Контактот со антените влијае на

квалитетот на комуникацијата и

може да предизвика повисоко ниво

на енергија за време на работата и

може да го намали животниот век на

батеријата.
Користете само компатибилни

мемориски картички, одобрени од

Nokia за користење со овој уред.

Некомпатибилните картички може

да ја оштетат картичката и уредот

или податоците зачувани на

картичката.
Вашиот уред поддржува microSD

картички со капацитет до 32 ГБ.

Важно: Не отстранувајте ја

мемориската картичка кога некоја

апликација ја користи. Правењето

на тоа може да ги оштети картичката

и уредот, и да ги оштети податоците

зачувани на картичката.

4

Важно: Избегнувајте

гребење на екранот на допир.

Никогаш не користете вистинско

пенкало, молив или друг остар

објект за да пишувате на екранот на

допир.
За да слушате радио, треба да

поврзете компатибилни слушалки

со уредот. Слушалките служат како

антена.
Услугите за друштвени мрежи се

услуги на трети лица и не се

одобрени од Nokia. Проверете ги

прилагодувањата за приватност на

услугата за друштвени мрежи што ја

користите затоа што може да

споделувате информации со голема

група на луѓе. Условите за употреба

на услугата за друштвени мрежи се

применуваат за споделувањето

информации на таа услуга.

Запознајте се со условите за

употреба и праксите за приватност

на таа услуга.

100

background image

Користењето на услугите за

друштвени мрежи бара мрежна

поддршка. Ова може да вклучи

пренос на големи количини на

податоци и трошоци поврзани со

преносот на податоци. За

информации околу тарифите за

пренос на податоци, контактирајте

со операторот.
Апликацијата Заедници може да не

биде достапна во сите региони.

Достапни се само оние функции

коишто се поддржани од услугата за

друштвени мрежи.

5 Можете да испраќате

текстуални пораки подолги од

ограничувањето за бројот на знаци

за една порака. Подолгите пораки

се испраќаат како две или повеќе

пораки. Вашиот обезбедувач на

услуги може да изврши наплата

соодветно.
Карактерите со акценти, или други

знаци, или некои јазични опции,

заземаат повеќе простор,

ограничувајќи го бројот на знаци

кои може да бидат испратени во

една порака.

6 Доколку ставката што сте ја

вметнале во мултимедијална порака

е преголема за мрежата, уредот

може автоматски да ја намали

големината.

7 Само компатибилни уреди

можат да примаат и покажуваат

мултимедијални пораки. Пораките

може да имаат различен изглед во

различни уреди.

8 Употребување на услугите или

даунлоадирањето на содржина

може да предизвика пренос на

големи количини на податоци, кои

можат да завршат со трошоци за

сообраќај на податоци.
Пораките со слики може да имаат

различен изглед во различни уреди.
Не поврзувајте производи кои што

произведуваат повратен сигнал

бидејќи тоа може да го оштети

уредот. Не поврзувајте никаков

извор на напон во Nokia AV

конекторот. Ако во Nokia AV

конекторот поврзувате надворешен

уред или слушалки, различни од

оние што се одобрени од Nokia за

користење со овој уред, обрнете

посебно внимание на нивото на

јачината на звук.

Важно: Пред да ја споделите

Вашата локација, секогаш

внимателно размислете со кого ја

споделувате. Проверете ги

101

background image

прилагодувањата за приватност на

услугата за друштвени мрежи што ја

користите затоа што може да ја

споделувате локацијата со голема

група на луѓе.

9 Ако батеријата е целосно

испразнета, може да потрае неколку

минути пред индикаторот за

полнење да се појави на екранот или

пред да можат да се направат било

какви повици.
Запомнете да ги почитувате

применливите безбедносни мерки.
За да ги исклучите известувањата од

апликациите за друштвени мрежи,

во екранот со апликации, одберете

Известувања > >

прилагодувања.

Мрежни услуги и трошоци

Вашиот уред е одобрен за употреба

на WCDMA 850, 900, 1700, 1900,

2100 и HSPA EGSM 850, 900, 1800,

1900 MHz мрежи . За да го користите

уредот, потребно е да се

претплатите кај оператор на услуги.
Користењето на некои функции и

преземањето содржини во Вашиот

уред бара мрежна конекција и може

да доведе до трошоци за сообраќај

на податоци. Некои карактеристики

на производот бараат поддршка од

мрежата и можеби ќе биде потребно

да се претплатите на нив.

Грижа за Вашиот уред

Внимателно ракувајте со Вашиот

уред, батерија, полнач и додатоци.

Следниве предлози Ви помагаат да

ја заштитите важечката гаранција.

Не користете го и не чувајте го

уредот во прашливи или

нечисти места. Подвижните

делови и електронските

компоненти може да се

оштетат.

Не чувајте го уредот на високи

температури. Високите

температури може да го

намалат животниот век на

уредот, да ја оштетат

батеријата или да ги искриват

или растопат пластичните

делови.

Не го чувајте уредот на

студени температури. Кога

уредот ќе се затопли на

својата нормална

температура, во

внатрешноста на уредот може

да се формира влага и да ги

оштети електронските кола.

Не обидувајте се да го

отворите уредот на друг начин

102

background image

освен како што е наведено во

упатството за корисникот.

Неодобрените модификации

може да го оштетат уредот и

да ги прекршат правилата кои

важат за радио уреди.

Не го испуштајте удирајте или

тресете уредот. Грубото

ракување може да ги скрши

внатрешните плочки на колата

и механиката.

Користете само некое нежно,

чисто, суво платно за да ја

исчистите површината на

уредот.

Не обојувајте го уредот. Бојата

може да ги заглави

подвижните делови и да

спречи правилно

функционирање.

За оптимални перформанси,

исклучете го уредот одвреме-

навреме и отстранете ја

батеријата.

Држете го Вашиот уред

настрана од магнети или

магнетни полиња.

За да ја сочувате безбедноста

на Вашите важни податоци,

чувајте ги на најмалку две

засебни места, како што се

Вашиот уред, мемориска

картичка или компјутер, или

запишете ги важните

информации.

За време на продолжена работа,

уредот може да се загрее. Во

повеќето случаи, ова е нормално.

Ако се сомневате дека уредот не

работи правилно, однесете го до

најблискиот овластен сервис.

Рециклирање

Секогаш вратете ги искористените

електронски производи, батерии, и

материјали за пакување на

назначени места за собирање. На

овој начин помагате во

спречувањето на

неконтролираното фрлање на

отпадоци и го промовирате

рециклирањето на материјали.

Проверете како да ги рециклирате

Вашите Nokia производи на

www.nokia.com/recycling.

Симбол на прецртана корпа за

отпадоци

103

background image

Симболот на пречкртана корпа за

отпадоци на Вашиот производ,

батерија, литература или пакување

Ве потсетува дека сите електрични

и електронски производи, батерии и

акумулатори мора да се однесат на

одредено место за собирање на

крајот од нивниот работен век. Ова

барање се применува во Европската

Унија. Не ги фрлајте овие производи

како несортиран општински отпад.

За повеќе информации за

околината, видете го еко-профилот

на производот на страницата

www.nokia.com/ecoprofile.

За управувањето со

дигитални права

Кога го користите овој уред,

почитувајте ги сите закони и

почитувајте ги локалните обичаи,

приватноста и легитимните права на

другите, вклучувајќи ги и

авторските права. Заштитата на

авторските права може да Ве спречи

да копирате, модифицирате или

пренесувате слики, музика и други

содржини.
Сопствениците на содржини може

да користат различни типови на

технологија за управување со

дигитални права (ДРМ; digital rights

management – DRM) за заштита на

нивната интелектуална

сопственост, вклучувајќи ги и

авторските права. Овој уред

користи различни типови на

ДРМ софтвер за пристап до

содржини заштитени со ДРМ. Со

овој уред можете да пристапите на

содржини заштитени со OMA DRM

2.0 & 2.1. Ако одреден ДРМ софтвер

не успее да ја заштити содржината,

сопствениците на содржината може

да побараат таквата ДРМ

софтверска можност за пристап до

новите содржини заштитени со ДРМ

да бидат повлечени.

Повлекувањето исто така може да

спречи обнова на таквата содржина

заштитена со ДРМ веќе во Вашиот

уред. Повлекувањето на таквиот

ДРМ софтвер не влијае на

користењето на содржини

заштитени со друг тип на ДРМ или

користење на содржини

незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со ДРМ

доаѓаат придружени со лиценца што

ги дефинира Вашите права за

користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-

заштитена содржина, за да

направите резервна копија и на

лиценците и на содржината,

104

background image

користете ја функцијата за правење

резервни копии на Nokia Suite.
Другите методи на префрлување

може да не ги префрлуваат

лиценците кои треба да се повратат

со содржината за да можете Вие да

продолжите со користење на

содржината заштитена со OMA DRM

откако меморијата на уредот ќе

биде форматирана. Може исто така

да треба да ги повратите лиценците

ако датотеките на Вашиот уред да

станат оштетени.
Ако Вашиот уред има содржина

заштитена со WMDRM, и лиценците

и содржината ќе бидат изгубени ако

меморијата на уредот се форматира.

Може исто така да ги загубите

лиценците и содржината ако

датотеките на Вашиот уред станат

оштетени. Губењето на лиценците

или на содржината може да ја

ограничат Вашата можност за

повторно користење на истата

содржина на Вашиот уред. За повеќе

информации, контактирајте го

Вашиот оператор.

Совети и понуди

За да Ви помогнеме да го извлечете

најдоброто од Вашиот телефон и од

услугите, ќе примате прилагодени

бесплатни текстуални пораки од

Nokia. Пораките содржат совети и

трикови. Наменети се за поддршка.
За да прекинете со примањето на

пораките, одберете прилагод. >

Nokia сметка > Совети и yслуги.
За да се обезбеди услугата опишана

погоре, кога за првпат го користите

телефонот, до Nokia се испраќаат

Вашиот телефонски број, серискиот

број на телефонот и некои

идентификатори за мобилната

претплата. Некои или сите

информации можат да бидат

испратени до Nokia при

ажурирањето на софтверот. Овие

информации може да се користат во

согласност со политиката за

приватност, достапна на

www.nokia.com.

Батерии и полначи

Информации за батеријата и

полначот

Вашиот уред е наменет за

користење со BL-4U батерија што се

полни. Nokia може да направи

дополнителни модели на батерии за

овој уред. Секогаш користете

оригинални Nokia батерии.
Овој уред е наменет за користење

кога се снабдува со енергија од

следниве полначи: AC-11 . Правиот

105

background image

број на модел на полначот на Nokia

може да варира според видот на

приклучокот, идентификуван

според E, X, AR, U, A, C, K, B или N.
Батеријата може да се полни и

празни стотици пати, но на крајот

таа ќе се истроши. Кога времињата

за разговор и мирување се

значително пократки од нормално,

заменете ја батеријата.

Безбедност на батеријата

Секогаш исклучете го уредот и

отстранете го полначот пред да ја

отстраните батеријата. Кога го

отстранувате полначот или кој било

додаток, фатете и повлечете го

приклучокот, а не кабелот.
Кога полначот не е во употреба,

отстранете го од електричниот

приклучок и од уредот. Не оставајте

ја целосно наполнетата батерија

поврзана за полначот, затоа што

преполнувањето може да го скрати

животниот век на батеријата. Ако не

се користи, целосно наполнетата

батерија ќе го изгуби своето

полнење со текот на времето.
Секогаш чувајте ја батеријата

помеѓу 15°C и 25°C (59°F и 77°F).

Екстремните температури го

намалуваат капацитетот и

животниот век на батеријата.

Уредот со жешка или ладна батерија

може привремено да не работи.
Случаен краток спој може да се

случи кога некој метален предмет ќе

ги допре металните ленти на

батеријата, на пример, ако носите

резервна батерија во џебот. Краток

спој може да ја оштети батеријата

или објектот што е поврзан.
Не ги фрлајте батериите во оган

бидејќи може да експлодираат.

Фрлете ги батериите во согласност

со локалните регулативи.

Рециклирајте кога е можно. Не

фрлајте ја како отпад од

домаќинството.
Не ги растурајте, сечете, отворајте,

кршете, виткајте, пробивајте или

разделувајте ќелиите или

батериите. Доколку батеријата

истекува, спречете контакт на

течноста од батеријата со кожата

или очите. Доколку тоа се случи,

веднаш исплакнете ги опфатените

области со вода, или побарајте

медицинска помош.
Не ја модифицирајте, повторно

составувајте, не се обидувајте да

вметнете туѓи објекти во батеријата,

или не ја потопувајте или

106

background image

изложувајте на вода или на други

течности. Батериите можат да

експлодираат ако се оштетат.
Користете ги батеријата и полначот

само за наменетата цел.

Несоодветното користење или

користењето на не одобрени

батерии или некомпатибилни

полначи може да претставува ризик

од пожар, експлозија или други

опасности и може да го поништи

одобрението или гаранцијата. Ако

сметате дека батеријата или

полначот се оштетени, однесете ги

во сервисен центар на проверка

пред да продолжите да ги

користите. Никогаш не користете

оштетена батерија или полнач.

Полначот користете го исклучиво во

затворен простор.

Дополнителни безбедносни

информации

Упатување на итен повик

1

Осигурете се дека уредот е

вклучен.

2

Проверете дали постои

соодветна јачина на сигналот.

Можеби ќе биде потребно да

го направите следното:
• Ставете SIM картичка во

уредот.

• Исклучете ги

ограничувањата на повици

на Вашиот уред, како што се

забрана на повик, фиксно

бирање или затворена

корисничка група.

• Осигурете се дека

профилот во летање не е

вклучен.

• Ако екранот и копчињата на

уредот се заклучени,

отклучете ги.

3

Неколкупати притиснете го

копчето за завршување

додека не се прикаже

почетниот екран.

4

За да го отворите бирачот,

одберете ја .

5

Впишете го официјалниот број

за итни случаи за Вашата

моментална локација. Итните

броеви повикување за се

разликуваат според

локацијата.

6

Притиснете го копчето за

јавување.

7

Соопштете ги сите неопходни

информации што е можно

попрецизно. Не прекинувајте

го повикот додека не добиете

дозвола за тоа.

107

background image

Важно: Активирајте ги

мобилните и интернет повиците,

доколку Вашиот уред поддржува

интернет повици. Уредот може да се

обиде да оствари итни повици преку

мобилните мрежи и преку Вашиот

обезбедувач на интернет повици.

Не може да се гарантираат конекции

во сите услови. За важни разговори,

како што се итни медицински

случаи, никогаш не потпирајте се

само на кој било безжичен уред.

Мали деца

Вашиот уред и неговите додатоци не

се играчки. Тие може да содржат

мали делови. Чувајте ги вон дофатот

на мали деца.

Медицински уреди

Работата на радио предавателна

опрема, вклучувајќи ги и

безжичните телефони, може да

пречи на функционирањето на

несоодветно заштитените

медицински уреди. Консултирајте се

со лекар или со производителот на

медицинскиот уред за да одредите

дали тие се адекватно заштитени од

надворешната енергија од радио

бранови.

Вградени медицински уреди

Производителите на медицински

уреди препорачуваат минимална

оддалеченост од 15,3 сантиметри (6

инчи) помеѓу некој безжичен уред и

некој вграден медицински уред,

како што се пејсмејкер или вграден

кардиовертер дефибрилатор, за да

одбегнете потенцијални пречки со

медицинскиот уред. Лицата што

имаат такви уреди треба:

Секогаш чувајте го

безжичниот уред на повеќе од

15,3 сантиметри (6 инчи) од

медицинскиот уред.

Да не го носат безжичниот

уред во џебот на градите.

Држете го безжичниот уред на

увото спротивно од

медицинскиот уред.

Исклучете го безжичниот уред

доколку постои каква било

причина за сомнеж дека

постојат некакви пречки.

Следете ги насоките од

производителот за

вградениот медицински уред.

Ако имате било какви прашања во

врска со користењето на Вашиот

безжичен уред со некој вграден

медицински уред, консултирајте се

со Вашиот обезбедувач на

здравствена заштита.

108

background image

Слушање

Предупредување: Кога ја

користите слушалката, може да

биде нарушена Вашата способност

за слушање на надворешни звуци.

Не користете ја слушалката каде

што може да ја загрози Вашата

безбедност.
Некои безжични уреди може да им

пречат на некои апаратчиња за

слушање.

Никел

Површината на овој уред е без

никел.

Заштита на Вашиот уред од

штетни содржини

Вашиот уред може да биде изложен

на вируси и други штетни содржини.

Преземете ги следните мерки на

претпазливост:

Бидете внимателни при

отварање на пораките. Тие

може да содржат штетен

софтвер или на друг начин да

бидат штетни за Вашиот уред

или компјутер.

Бидете внимателни кога

прифаќате барања за

поврзување, пребарувате

интернет или преземате

содржини. Не прифаќајте

Bluetooth поврзување од

извори на кои не им верувате.

Инсталирајте и користете

само услуги и софтвер од

извори на кои им верувате и

кои нудат адекватна сигурност

и заштита.

Инсталирајте антивирусен и

друг безбедносен софтвер на

Вашиот уред и кој било

поврзан компјутер. Користете

само една антивирусна

апликација во исто време.

Едновремено користење на

повеќе антивирусни програми

може да влијае врз

резултатите и работењето на

уредот и/или компјутерот.

Доколку пристапувате до

претходно инсталирани

зачувани линкови и линкови

до интернет страници на трети

страни, преземете соодветни

мерки на претпазливост. Nokia

не ги поддржува ниту пак

презема која и да е

одговорност за таквите

страници.

Опкружување при работа

Овој уред е во согласност со

упатствата за изложување на

109

background image

радиобранови во нормална

позиција на користење на увото или

најмалку 1,5 сантиметри (5/8 инчи)

оддалеченост од телото. Каква било

футрола за носење, спојувалка за

каиш или држач при

функционирањето на телефон што

се носи на тело не треба да содржат

метал и треба да го постават

производот на погоре наведената

оддалеченост од Вашето тело.
За да испраќате датотеки со

податоци или пораки на овој уред му

е потребна квалитетна врска со

мрежата. Датотеките со податоци

или пораките може да бидат

одложени се додека таква конекција

не е достапна. Следете ги

инструкциите за растојанието на

одалеченост се додека преносот не

заврши.

Возила

Радио сигналите може да влијаат на

неправилно инсталираните или

несоодветно заштитените

електронски системи во моторните

возила како што се електронските

системи за вбризгување на

горивото, електронските системи за

спречување на блокирањето при

кочење, електронските системи за

контрола на брзината и системите

на воздушните перничиња. За

повеќе информации, проверете со

произведувачот на Вашето возило

или неговата опрема.
Само квалификуван персонал смее

да го инсталира уредот во возило.

Неправилната инсталација или

сервис може да бидат опасни и може

да ја направат невалидна Вашата

гаранција. Редовно проверувајте

дали целата опрема на безжичниот

уред во Вашето возило е правилно

поставена и правилно работи. Не

чувајте и не пренесувајте запаливи

течности, гасови или експлозивни

материјали во истиот оддел со

уредот, неговите делови или

додатоци. Запомнете дека

воздушните перничиња се

надувуваат со огромна сила. Не

ставајте го Вашиот уред или

додатоците на областа за отворање

на воздушните перничиња.

Потенцијално експлозивни

средини

Исклучете го Вашиот уред кога сте

во област со потенцијално

експлозивна атмосфера, на пример

во близина на бензинска станица.

Искрите во таквите области може да

предизвикаат некоја експлозија или

пожар кои што може да

110

background image

предизвикаат телесни повреди или

смрт. Придржувајте се до

ограничувањата во области за

складирање и дистрибуција на

гориво; хемиски фабрики; или каде

што се вршат експлозии. Областите

со потенцијално експлозивна

атмосфера се често, но не секогаш,

јасно означени. Тие вклучуваат

области каде што ќе Ви биде

советувано да го исклучите моторот

на Вашето возило, под палубата на

бродовите, при трансфер на

хемикалии или установи за

складирање и таму каде што

воздухот содржи хемикалии или

честички како што се зрнца,

прашина или метален прав. Треба да

проверите кај производителите на

возила кои што користат течен гас

како гориво (како што се пропан или

бутан) за да одредите дали овој уред

може безбедно да се користи во

нивна близина.

Информации за

сертификација (SAR)

Овој мобилен уред ги исполнува

упатствата за изложеност на радио

бранови.
Вашиот мобилен уред е радио

предавател и примател. Тој е

дизајниран да не ги надмине

ограничувањата за изложеност на

радио бранови препорачани со

меѓународните упатства.

Упатствата се развиени од

независната научна организација

ICNIRP и вклучуваат безбедносни

граници поставени за да се осигура

безбедноста на сите лица, без оглед

на возраста и здравјето.
Упатствата за изложеност кај

мобилните уреди користи единица

мерка позната како Специфична

Апсорпциона Стапка или SAR.

Ограничувањето за SAR наведено во

упатствата на ICNIRP е 2,0 вати/

килограм (W/kg) во просек на 10

грама ткиво. Тестовите за SAR се

изведуваат со користење

стандардни оперативни позиции

при што уредот предава на

највисокото сертифицирано ниво на

енергија во сите тестирани

фреквенциони должини.

Вистинското ниво на SAR на уред кој

работи може да биде под

максималната вредност бидејќи

уредот е дизајниран да ја користи

само енергијата потребна да се

допре до мрежата. Таа количина се

менува во зависност од бројни

фактори како што е колку блиски сте

до мрежната базна станица.

111

background image

Највисоката дозволена SAR

вредност кога уредот се употребува

на увото според ICNIRP е 1,37 W/kg .
Употребата на додатоци за уредот

може да резултира со различни SAR

вредности. Вредностите на SAR

може да се разликуваат во

зависност од националните барања

за известување и тестирање и од

брановата должина на мрежата.

Дополнителни информации за SAR

може да се најдат кај информациите

за производот на www.nokia.com.