Nokia Asha 311 - Повикување неколку луѓе истовремено

background image

Повикување неколку луѓе истовремено

Сакате да им ги соопштите одличните вести на сите пријатели? Со

конференциски повик, можете лесно да повикате неколку луѓе

истовремено. На тој начин не мора да го повикате секого посебно.
Конференцискиот повик е мрежна услуга. За достапноста,

контактирајте со мрежниот оператор на услуги.
1. Остварете го првиот повик.
2. Додека разговарате, одберете oпции > нов повик > гласовен

повик.
3. Впишете го телефонскиот број, потоа одберете ПОВИКАЈ или

одберете БАРАЈ и контакт. Првиот повик се става на чекање

додека го поврзувате конференцискиот повик.
4. Кога можете да зборувате со вториот повикувач, одберете

oпции > конференција. Можете да додадете повеќе повици во

конференцијата.
Совет: За да зборувате приватно со некој повикувач во текот на

конференцискиот повик, одберете oпции > приватен повик и

број. Конференцискиот повик се става на чекање. За да се вратите

на конференцискиот повик, одберете oпции > конференција.

29

background image

5. За да го прекинете конференцискиот повик, притиснете го

.

30