Копирање содржини помеѓу Вашиот телефон и
компјутер
Можете да користите USB кабел за да ги копирате Вашите
фотографии и други содржини помеѓу телефонот и компатибилен
компјутер.
1. Поврзете го телефонот со компјутер со компатибилен USB
кабел.
2. Одберете режим:
Nokia Suite — Апликацијата Nokia Suite е инсталирана на Вашиот
компјутер.
медиа трансфер — Апликацијата Nokia Suite не е инсталирана на
Вашиот компјутер. Ако сакате да се поврзете со систем за
домашна забава или печатач, користете го овој режим.
масовно складир. — Апликацијата Nokia Suite не е инсталирана
на Вашиот компјутер. Телефонот е прикажан како пренослив уред
на Вашиот компјутер. Проверете дали во телефонот има
мемориска картичка. Ако сакате да се поврзете со други уреди,
како што се домашно или стерео во автомобил, користете го овој
режим.
75
3. За да ја копирате содржината, користете го управувањето со
датотеки на компјутерот.
За копирање на контакти, музички датотеки, видео записи или
фотографии, користете ја апликацијата Nokia Suite.
За да добиете повеќе информации и за да ја даунлоадирате
апликацијата Nokia Suite PC, одете на www.nokia.com/support.
76