Поставување e-mail сметка
Дали користите повеќе e-mail адреси? Можете да имате неколку
поштенски сандачиња во Вашиот телефон. Пошта е мрежна
услуга.
1. Одберете e-mail.
2. Одберете го Вашиот обезбедувач на услугата за e-mail.
3. Впишете ги Вашето корисничко име и лозинката.
Совет: Ако не сакате да ја впишувате лозинката секојпат кога ќе
ја користите e-mail сметката, одберете зачувај лозинка.
4. Одберете Приј. се.
Додавање поштенско сандаче подоцна
1. Одберете e-mail.
2. Одберете ја иконата > додај сметка.
3. Следете ги упатствата што се прикажани на телефонот.
Телефонот го ажурира дојдовното сандаче во одредени
интервали, за да ги прикаже новите e-mail пораки кога ќе
пристигнат. Ова може да предизвика пренос на огромни количини
на податоци, што може да доведе до трошоци за сообраќај на
52
податоци. За да заштедите на трошоци, можете да ја исклучите
функцијата за автоматско ажурирање и рачно да го ажурирате
дојдовното сандаче.
Исклучување на автоматско ажурирање на дојдовното сандаче
1. Одберете e-mail.
2. Одберете ја иконата > прилагодувања и поштенското
сандаче.
3. Одберете ажур. на моето дојд. санд. > рачно.
53
Мајк
Здраво Ана
Ана
Здраво Мајк